Казнено Поправниот Дом во Тетово осудените малолетници ќе ги запише на факултет
Малолетниците кои се на издржување казна во Воспитно-поправниот дом Тетово лоциран во село Волковија се описменуваат, некои го продолжуваат своето образование, а се прават напори и дел од нив да се запишат на факултет. Ова им беше посочено денес на министерите за правда и образование Бојан Маричиќ и Мила Царовска кои денес беа во посета на Домот со цел да видат како тече образовниот процес таму.
Регулиран е процесот на основно образование за оние кои немале можност во надворешниот свет тоа да го реализираат. Реализиран е процесот на средното образование за оние деца кои не успеале од било кој причини тоа да го прават, тука ние им го овозможивме и тоа. Заедно со здружението на млади правници сме во преговори на уписи на факултет на некои од овие деца. Се прават напори колку даваат можностите со поддршката на институциите да им го олесниме престојот на овие деца во нашата институција, изјави директорот на домот, Даниел Антоски.
Освен во образовниот процес, тука малолетниците стекнуваат разни вештини следејќи практична настава во столарска работилница, во пералница за алишта, а се вршат и земјоделски работи на мала површина обработливо земјиште.