Коронавирусот се повлекува од неколку градови во земјава
Објавено на 3 јуни, 2021 во 09:57
Демир Капија, Пехчево и Дојран, се градови во кои нема позитивни лица на коронавирус. Листата на градови со по еден заболен секојдневно се зголемува.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.345, бројката на оздравени пациенти е 148.846, на починати е 5.429.
Бројот на лица кои досега изразиле желба за вакцинација преку веб-платформата vakcinacija.mk е 436.072 граѓани, информираат од Министерството за здравство. Во државата вкупно се аплицирани 346.931 дози вакцини, а ревакцинирани се 107.648 граѓани. Една доза примиле 47 отсто од населението над 70 години, а 41 процент кај лицата над 65.