Ковачевски: „Велигден е време на обнова, надеж, нови почетоци, прогрес и развој“

Објавено на 14 април, 2023 во 12:50

Премиерот Димитар Ковачевски упати честитка до православните верници по повод најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, посакувајќи им здравје, спокој и мир.

Во честитката објавена на неговиот Фејсбук профил, Ковачевски посочува дека Велигден е време на обнова и надежи и нови почетоци кои носат прогрес и развој.

„Велигден е време на обнова и надеж. Време на промени и нови почетоци кои носат прогрес и развој. Време кога заедништво и грижата еден за друг ни дава сила да се справиме со сите предизвици кои стојат пред нас и да работиме заедно за да изградиме посветла и подобра иднина за сите. Во овие Велигденски празнични денови вам и на вашите семејства ви посакувам многу здравје, спокој и мир. Нека ни е честит Велигден! Да сте живи и здрави!,“ вели во честитката Ковачевски

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.