Ковчегот со телото на Елизабета Втора денеска пристигнува во Лондон
Објавено на 13 септември, 2022 во 09:34
Ковчегот со телото на кралицата Елизабета Втора денеска ќе пристигне во Лондон, откако претходниот ден беше изложен во катедралата Сент Гилс во Единбург.
Кралот Чарлс Трети, заедно со своите браќа и сестри, вчера присуствуваше на бдение во катедралата Свети Гилс, при што жителите на Единбург можеа да влезат и да и оддадат почит на покојната кралица, пренесува „Ројтерс“.
Кралицата Елизабета Втора почина во четвртокот во нејзиниот замок Балморал, Шкотска, на 96-годишна возраст по 70-годишно владеење, јавува британската агенција.
Во Велика Британија на 18 септември, ден пред погребот на кралицата Елизабета Втора, ќе се одржи национално минута молчење, соопшти вчера британската влада.