Лебот најскап во Македонија, најевтин во Србија (инфографик)
Цената на лебот во моментов е најскап во С.Македонија, додека најевтин е во соседна Србија, според информации на пекарските здруженија на земјите од Западен балкан како и државните статистички служби.
Во земјава векна леб чини 0,81 евро (50 денари), додека во Србија е 0,42 евра.
Во Босна и Херцеговина лебот се продава за 0,79, додека во Црна Гора за 0,75 евра.
Што се однесува до процентот на зголемување на цената во однос на минатата година, тој е најголем во Црна Гора (за 50%) каде во моментов векна леб се купува за 0,75 евра, додека најмало е зголемувањето во Албанија (за 20%).
Во Македонија лебот поскапел за 35% во однос на овој период минатата година, велат податоците, цитирани од РСЕ Балкан.
Податоците се за периодот јули 2021 и 2022 година, додека за БиХ се за јуни.