Летото започнува во Македонија: Следната седмица температури во повардарието до 36 степени!

Објавено на 29 мај, 2025 во 08:53

Доаѓаат долго очекуваните летни температури од недела, 1 јуни. Во текот на цела наредна седмица Македонија ќе биде под влијание на топол воздушен бран со потекло од Африка. Температурите ќе бележат голем пораст и ќе се искачуваат во интервал од 25 до 32/33 степени, додека од средината на следната седмица во Повардарието температурите ќе се искачат и до околу 36 степени, соопшти метео прогнозерот Славчо Поповски.

Во Скопје  и околината од недела температурата ќе бележи голем пораст, па така во текот на следната седмица таа ќе надминува 30 степени.

Инаку за време на овој период времето ќе биде многу постабилно и претежно суво со многу повеќе сонце. Сепак, повремено и локално можна е сосема мала дестабилизација на атмосферата со услови за сосема краткотраен локален дожд,“ додава Поповски.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.