Од утре температури под нула!

Објавено на 3 декември, 2012 во 14:52

Врнежи од снег ќе ја зафатат од попладнево Македонија. Првиот снежен бран ќе ги зафати планините и пониските делови  во западните и северозападните краеви на државата..

Управата за хидрометеоролошки работи најави и силен ветар од северен правец со брзина од над 80 километри на час. Ветарот ќе создаде снежни наноси.

Дневната температура ќе се движи од 3 до 12 степени.

Според прогнозата на УХМР веќе од утревечер студеното време со снег и дожд ќе ги зафати и пониските места, посебно во западните делови на Македонија.

Времето ќе биде променливо облачно и студено. Минималната температура ќе се движи од -7 до 0, а максималната од 0 до 7 степени.

Во Скопје од -3 до 5 степени.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.