Денеска во Македонија, врнежи од дожд и снег

Објавено на 5 декември, 2012 во 09:43

Времето денес ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд во пониските, а снег во повисоките места и на планините. Врнежите ќе бидат пообилни во западните делови, особено претпладне. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен, а попладне од северен правец.

Температурата ќе се движи од 0 степени во западниот дел на земјата, до 5 степени на југот.

Во Скопје температурата ќе достигне 3 степени.

Утрово е воведена забрана за движење на тешки товарни возила на патниот правец Маврово – Дебар.

Од АМСМ информираат дека дежурните екипи на ЈП „Македонија пат“ се на терен и редовно ги контролираат сите патни правци.

На патниот правец Кичево – Гостивар има забрана за движење на тешки товарни возила.

Сообраќајот на сите останати магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива забавено, пo влажни коловози. Врнежи од снег се бележат на сите планински превои.

Од АМСМ потсетуваат дека од 15-ти ноември е на сила законската обврска за поседување на зимската опрема во возилата.Оваа обврска трае до 15-ти март наредната година.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.