На влезот во Струга фатено возило со голема количина дрога!

Објавено на 6 декември, 2012 во 09:26

Пред влезот на Струга, во близината на селото Мислешево, синоќа охридската полиција во возило пронајде голема количина на марихуана, објави www.lihnid.com.

Полицијата работи на идентификација на  сторителот на ова кривично дело, потеклото на дрогата и евентуалната крајна дестинација. СВР засега не ја соопштува точната количина на запленетата дрога, ниту идентитетот на сторителот или сторителите на кривичното дело, но неофицијално стaнува збор за многу дрога сокриена во возило.

Ова, за кусо време е втор голем успех на охридската полиција, која пред неколку дена на граничниот премин Ќафасан во соработка со царината и граничната полиција во камион откри половина тон марихуана.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.