Тешки товарни возила не се движат по патот Струга – Дебар!

Објавено на 7 декември, 2012 во 09:39

Мали остатоци од кашест снег има на осојничавите места.

Од вчера важи забраната за движење на тешки товарни возила на патниот правец Дебар – Струга. Синоќа се укинати забраните за тешки товарни возила на патните правци Струга-граничен премин Ќафасан и Охрид – Ресен, преку планинскиот премин Буково.

Од АМСМ информираа дека на сите останати магистрални и регионални патни правци низ државата сообраќајот се одвива во зимски услови и по влажни коловози, особено во западниот дел од државата.

Мали остатоци од кашест снег има на осојничавите места. Снежни врнежи со слаб интензитет има на планинскиот превој Стража. Тоа не му создава проблем на сообраќајот.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.