Охрид ќе биде домаќин на матурантите од сите земји кои пишуваат на Кирилица!

Објавено на 7 декември, 2012 во 09:51

На крајот на оваа учебна година, Охрид ќе биде домаќин на „Сесловенска Матура – КИРИЛИЦА”, која ќе се одржи од 23. до 27. мај, објави www.lihnid.com.

„На денот на Сесловенските учители Свети Кирил и Методиј во древниот Охрид градот на кирилицата каде што беше основан и првиот Сесловенски универзитет од креаторот на кирилица Архиепискот Свети Климент Охридски, средношколските матуранти ќе се соберат на најголемата заедничка матурска прослава на која ќе земат учество ученици од сите земји кои ја користат кирилицата како писмо.“ вели организаторот на манифестацијата Љупчо Јузмески.

Учениците од секоја земја ќе бидат облечени во маички со името на училиштето и државата од која доаѓаат. Во неколкудневниот престој во нашиот град матурантите ќе ги посетат знаменитостите на градот, а ќе бидат примени и од градоначалникот на Охрид.

 

 

 

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.