Денеска снег, од утре разведрување и многу студено!

Објавено на 9 декември, 2012 во 11:22

Прогнозите на синоптичарите за денеска се дека времето ќе биде умерено облачно со снег, ветровито и студено.

Важно е да се напомене дека не се очекуваат интензивни врнежи од снег. Ке дува засилен северен и северозападен ветар  со брзина  и до 50 км/ч. Во текот на ноќта ќе има разведрување. Утринските температури ке бидат всушност максималните температури и ке се движат  од    -1°C до 6°C кои во текот на денот ке бидат во опаѓање и ке се движат од -9°C до 0°C.

 

Во понеделник под влијание на антициклонска воздушна маса ке биде ке биде претежно сончево и многу студено. Ке дува засилен северен и северозападен ветар. Утринските температури од -13°C до -2°C, а максималните дневни температури ке се движат од -2°C до 5°C.

Нови врнежи од снег се најавуваат за вторник.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.