Подмрзнати коловози, возете внимателно!
Возилата треба да имаат зимски гуми или да се стават ланци.
Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива отежнато и забавено во зимски услови, пo влажни коловози.
Од АМСМ соопштија поради многу ниски температури можни се подмрзнувањан патиштата. На возачите им се препорачува исклучително внимателно возење и прилагодување на брзината кон условите на патот.
Поради остатоци од снег на коловозот забрани за движење на тешки товарни возилаи автобуси има на патните правци Дебар – Струга, Тетово – Попова Шапка како и на патниот правец Кичево – Македонски Брод – Прилеп. Појава на магла со видливост од 30 метри има на патниот правец Групчин – Тетово. За патничките возила на овие патни правци се препорачува употреба на зимска опрема.
Внимателно треба да се вози на патните правци Дебар – Струга, Маврово – Дебар, Катланово – Велес и Демир Капија – Удово каде има почеста појава на одрони кои може да го попречат движењето на возачите. Поради ниските утрински температури на повисоките и осојничави места можна е појава на голомразица.
На магистралниот пат М-1 – делница Катланово – Велес сообраќајот од две коловозни ленти ќе се пренасочи во една. Периодично сообраќајот ќе се одвива во левата, а потоа во десната коловозна лента.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Од АМСМ потсетуваат дека од 15-ти ноември е на сила законската обврска за поседување на зимската опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе биде на сила до 15-ти март наредната година.