Подмрзнати коловози, возете внимателно!

Објавено на 13 декември, 2012 во 10:06

Возилата треба да имаат зимски гуми или да се стават ланци.

Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива отежнато и забавено во зимски услови, пo влажни коловози.

Од АМСМ соопштија поради многу ниски температури можни се подмрзнувањан патиштата. На возачите им се препорачува исклучително внимателно возење и прилагодување на брзината кон условите на патот.

Поради остатоци од снег на коловозот забрани за движење на тешки товарни возилаи автобуси има на патните правци Дебар – Струга, Тетово – Попова Шапка како и на патниот правец Кичево – Македонски Брод – Прилеп. Појава на магла со видливост од 30 метри има на патниот правец Групчин  –  Тетово. За патничките возила на овие патни правци се препорачува употреба на зимска опрема.

Внимателно треба да се вози на патните правци Дебар – Струга, Маврово – Дебар, Катланово – Велес и Демир Капија – Удово каде има почеста појава на одрони кои може да го попречат движењето на возачите. Поради ниските утрински температури на повисоките и осојничави места можна е појава на голомразица.

На магистралниот пат М-1 – делница Катланово – Велес сообраќајот од две коловозни ленти ќе се пренасочи во една. Периодично сообраќајот ќе се одвива во левата, а потоа во десната коловозна лента.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Од АМСМ потсетуваат дека од 15-ти ноември е на сила законската обврска за поседување на зимската опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе биде на сила до 15-ти март наредната година.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.