Унгарија ја признава Македонија под уставно име!
Објавено: 13 декември, 2012, во 17:59 часот
МНР ја поздрави одлуката.
Министерот за надворешни работи Никола Попоски денеска упати писмо до неговиот унгарски колега Јанош Мартоњи, во кое се поздравува најновата одлука на Унгарија да ја потврди и официјализира досегашната пракса на обраќање кон Република Македонија со нејзиното уставно име во билатералната комуникација.
Најновата одлука претставува уште еден доказ за исклучително добрите односи меѓу Република Македонија и Унгарија и своевиден пријателски гест во насока на продлабочување на довербата и пријателството меѓу двете земји, пишува во соопштението од МНР.


