Поларна ноќ во Македонија!

Објавено на 14 декември, 2012 во 09:28

Во Тетово измерени – 19 степени.

Изутринава Тетово, Берово, Битола и Прилеп осамнаа со поларни температури!

Во Тетово во 7 часот беа измерени – 19 степени. Само три степени повисока беше температурата во Берово и Битола – 16. Во Прилеп беа измерени – 15 степени.

Поларната зима ја почувствуваа и струмичани каде живата во термометарот падна на – 14 исто колку и во Куманово.

Скопјани утрово се будеа на – 13 степени, а граѓаните на Дојран на -3 и на Охрид на – 4 степени.

Времето денеска ќе биде претежно облачно, а кон крајот на денот облачноста ќе се зголемува. По одделни котлини ќе има појава на магла и ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Во Скопје се очекува во текот на денот дневната температура да достигне до 1 степен, во Тетово и Гостивар до минус 2, а најтопло ќе биде во Гевгелија со 7 степени.

 

Викендов ќе има пораст на температурата, а в недела не очекува нов влажен воздушен бран што ќе донесе врнежи од дожд, кои ќе бидат краткотрајни и од локален карактер. Снег не се очекува.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.