Познати првите десет кандидати за градоначалници на ВМРО ДПМНЕ!
Објавено на 16 декември, 2012 во 17:02
Најголем број од нив се актуелни градоначалници. Изненадување е името на Јагнула Куновска за градоначалник на Карпош.
Изборната трка за Скопје ќе ја трча досегашниот градоначалник Коце Трајановски. И за општините Петровец, Илинден, Битола и Прилеп ќе се кандидираат актуелните градоначалници Борче Митревски, Жика Стојановски, Владимир Талевски и Марјан Ристески.
Во Охирд ВМРО-ДПМНЕ за кандидат го избра д-р Никола Бакрачевски а во Карпош Јагнула Куновска.
Владејачката партија за градоначалник на Ново Село го предлагаат Блажо Велков, а за Струмица бизнисменот и пратеник Васил Пишев. Во Куманово кандидатурата за градоначалник ја има д-р Зоран Ѓорѓиевски.