Познати првите десет кандидати за градоначалници на ВМРО ДПМНЕ!

Објавено на 16 декември, 2012 во 17:02

Најголем број од нив се актуелни градоначалници. Изненадување е името на Јагнула Куновска за градоначалник на Карпош.

Изборната трка за  Скопје ќе ја трча досегашниот  градоначалник Коце Трајановски.  И за општините Петровец, Илинден, Битола и Прилеп ќе се кандидираат актуелните градоначалници Борче Митревски, Жика Стојановски, Владимир Талевски и Марјан Ристески.

Во Охирд ВМРО-ДПМНЕ за кандидат го избра  д-р Никола Бакрачевски а во Карпош Јагнула Куновска.

Владејачката партија за градоначалник на Ново Село го предлагаат  Блажо Велков, а за Струмица бизнисменот и пратеник Васил Пишев. Во Куманово кандидатурата за градоначалник ја има  д-р Зоран Ѓорѓиевски.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.