Маглата и денеска го отежнува авиосообраќајот!
Објавено на 18 декември, 2012 во 10:27
Се откажуваат летови на скопскиот аеродром.
Намалената видливост на пистата, утрово, беше причина од Александар Велики да не полета авионот на ЈАТ Ервејс од Скопје за Белград..
Неизвесно е дали временските услови ќе овозможат од аеродромот да полетаат уште шест авиони.
Станува збор за летови кон Виена, два кон Љубљана и Истанбул и еден кон Мулхаус, Франција. Истата судбина ја делат и летовите со кои патниците на Александар Велики треба да слетаат со авиони од Виена, Лондон, Истанбул, Белград и Загреб.
Во текот на вчерашниот ден летовите беа откажани или пак се реализираа со задоцнувње. Дел од авионите беа пренасочувани кон аеродромите во Охрид, Приштина и Софија
