Поефтинува гасот и парното!

Објавено на 18 декември, 2012 во 15:09

Од 1-ви јануари, в година, граѓаните со парно ќе плаќаат поефтини сметки.

Mакедонските граѓани, в година, ќе имаат можност да располагаат со поевтин гас, откако увозникот Макпетрол потврди дека во преговорите со руската компанија „Гаспромекспорт“ постигнал намалување на цената на природниот гас за 10,45%.

Гасот од 1-ви јануари ќе чини 32,50 денари за НМЗ или 3,8 денари помалку.

Се очекува да се намали и цената за парното греење што граѓаните на Скопје и останатите градови во Македонија кои имаат централно греење. Сега природниот гас во вкупните трошоци на Топлификација за работење на топланите  учествува со над 70%, во цената.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.