Само половина Македонци се среќни!
Малку повеќе од пола Македонци се среќни.
Педесет и пет проценти од граѓаните кажале дека се среќни во анкетата на Институтот за истражување на јавното мислење Галуп.
Од земјите на Балканот Словенците со 68 проценти се најсреќни, а најнесреќни се Србите од кои 52 проценти во телефонската анкета рекле дека се среќни.
Педесет и шест отсто од Црногорците се изјасниле како среќни, 57 отсто од Хрватите и 59 отсто од граѓаните на Босна и Херцеговина изнесува 59.
Во истражувањето се мерени позитивните емоции со помош на пет прашања: Дали вчера добро се чувстувавте? Дали чувствувате дека другите ве почитуваат? Дали многу се смеевте? Дали научивте нешто интересно? и Дали уживавте?
Резултатите од анкетата, која е спроведена во 148 земји во светот, покажуваат дека најсреќни се жителите на Панама. Осумдесет и пет проценти од нив дале потврден одговор на сите пет прашања.
