Наместа коловозите се влажни, возете внимателно!

Објавено на 21 декември, 2012 во 09:41

Можни се одрони на коловозите на одредени патишта низ државта.

Непречено и во зимски услови се одвива сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата.

Поради ниските температури има појава на голомразица. Внимателно треба да се вози на патните правци Дебар – Струга, Маврово – Дебар, Катланово – Велес и Демир Капија – Удово каде има почеста појава на одрони кои може да го попречат движењето на возачите.

Повнимателно управување со возилата е потребно и на магистралниот пат М-1 делница Катланово – Велес, каде се одвиваат работи за реконструкција на патот за што има поставено соодветна сообраќајна сигнализација.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На граничните премини нема подолготрајни задржувања за влез и за излез од државата.

Од АМСМ потсетуваат дека е потребно во возилата да се носи зимска опрема.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.