Изгоре планинарскиот дом Копанки на Пелистер!
Објавено на 28 јануари, 2013 во 09:16
Во силен пожар што избувна вчера вечер изгоре планинарскиот дом „Копанки“ пишува весникот „Дневник“. Пожарот беснеел до доцна во ноќта и нанел големи штети врз туристичкиот објект.
Како што јавува дописникиот на „Дневник“ огнот не се проширил врз околната шума и хотелот „Молика“ кој е оддалечен 500 метри „Копанки“.
Домот на надморска височина од 1600 метри беше изграден пред повеќе од 50 години од страна на група битолски планинари кои дел од градежните материјали го носеа на раце. Располагаше со 16 соби за сместување, а во негова близина е и ски патеката „Копанки“.
Планинарскиот дом, пред пожарот, забележал рекордна посета посебно од млади битолчани, а била организирана и забава со диџеи во неделата.