Обдусманот нема надлежност да постапува за изнесувањето на новинарите од собраниската галерија!
Народниот правобранител нема надлежност да постапува за изнесувањето на новинарите од Галеријата од каде ја следеа работата на Собранието на 24.12.2012.
Ова е одговорот на Обдусмнанот по барање на ЗНМ да реагира за случувањата од 24.12.2012 поврзани со новинарите при што беше скратена можноста новинарите да ја извршуваат својата професија и загушување на слободата на информирање.
Во дописот од Народниот правобранител до ЗНМ стои:
„Народниот правобранител ја искажа неговата загриженост за настанот од 24 .12.2012 потенцирајки дека слободата на информирањето е фундамент на секое демократско општество без кој не може да има напредок.
По преставката од ЗНМ, како институција, Народниот правобранител оформи предмет со цел ефективно истражување на настанот по однос на постапувањето на припадниците на обезбедувањето спрема новинарите, за расветлување на случајот и утврдување на одговорност на припадниците на обезбедувањето спрема новинарите и утврдување евентуални повреди на правата на новинарите меѓу кои и правото на слободата на изразување на средствата за јавно информирање.
Народниот правобранител побара одговор од Министерот за внатрешни работи дали службените лица од обезбедувањето постапиле согласно прописите за одржување на редот во зградата на Собранието а доколку не, дали евентуално се иницирани постапки спрема припадниците на обезбедувањето заради отстранувањето на новинари од Галеријата.
Во одговорот по барањето на Народниот правобранител, МВР во однос на отстранувањето на новинарите одговориле дека истото било спроведено заради одржување на редот во Собранието, при што од новинарите било побарана да ја напуштат Галеријата и седницата да ја следат од прес центарот и дека истата мерка била спроеведна согласно член 43 од Законот за Собрание на Р.М и дека во галеријата покрај новинарите било забележано присуство и на други лица.
Имајки во предвид изнесеното и покрај искажната загриженост и ставот на Народнито правобранител за настаните и важноста на слободата на информирање, согласно член 77 од Уставот на Р.М. И член 2 од Законот за народен правобранител а во врска со член 43 од Законот за Собрание на Р.М, Народниот правобранител нема надлежност да постапува,, стои во дописот од Народниот правобранител до ЗНМ.
