На еден шалтер ќе се добиваат сите документи !?

Објавено на 17 април, 2013 во 12:27

Граѓаните само со поднесување на едно барање ќе можат да ги добиваат потребните документи само на еден шалтер. Потоа ќе интервенира самата институција или органот до кој е доставено барањето.

Предлог-законот за прибавување и размена на докази и податоци по службена должност со што институциите се обврзуваат да ја имплементираат реформата која за граѓаните, компаниите и субјектите значи обезбедување на сите потребни документи е усвоен на вчерашната седница на Владата.

 

„Со донесувањето на предложениот закон ќе се создаде правна основа за задолжително прибавување и размена на докази и податоци по службена должност што, пак, ќе овозможи поефикасна и поедноставна управна постапка, а ќе ги намали административните бариери за граѓаните  во остварувањето на нивните права“ , рече  владиниот портпарол, Александар Ѓорѓиев.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.