На еден шалтер ќе се добиваат сите документи !?
Објавено: 17 април, 2013, во 12:27 часот
Граѓаните само со поднесување на едно барање ќе можат да ги добиваат потребните документи само на еден шалтер. Потоа ќе интервенира самата институција или органот до кој е доставено барањето.
Предлог-законот за прибавување и размена на докази и податоци по службена должност со што институциите се обврзуваат да ја имплементираат реформата која за граѓаните, компаниите и субјектите значи обезбедување на сите потребни документи е усвоен на вчерашната седница на Владата.
„Со донесувањето на предложениот закон ќе се создаде правна основа за задолжително прибавување и размена на докази и податоци по службена должност што, пак, ќе овозможи поефикасна и поедноставна управна постапка, а ќе ги намали административните бариери за граѓаните во остварувањето на нивните права“ , рече владиниот портпарол, Александар Ѓорѓиев.
