Се роди лама во битолската зоолошка!
Битолската зоолошка градина доби принова, ламата околу 13 часот денеска на свет донесе здрав лама мажјак, пренесе ТВ Тера.
„Имавме проблеми при породувањето мажјакот беше агресивен но во минатото имавме лошо искуство младенчето не преживеа ќе се обидеме со млеко од овца.”- вели Коста Нешовски директор на ЗОО Битола.
Вработените во зоолошката ги прават сите напори по природен пат да се одвиваат работите околу развојот на младата лама доколу не се случи тоа ќе го искористат млекото од овца која пред два дена се објагнила.
За прв пат откако постои зоолошката женката питон снесе јајца.Точниот број не се знае бидејќи змијата лежи врз нив. Така ке биде во наредниве 53 дена, па затоа се претпоставува дека бројот на јајца се движи од 15 – 20 но, бидејќи вработените немаат искуство не се знае дали змиите малденчиња ќе бидат изведени.
