Поради поправки на патишта, сообраќајот се одвива по една лента!
Сообраќајот на патниот правец Гостивар – Кичево преку мостот на 1,5 км пред Стража е нормализиран и е прооден за сите видови на возила.
Патниот правец Ресен – Охрид преку националниот парк Галичица е прооден за сообраќај.
На патниот правец Гостивар – Маврово во близина на Ново Село, поради реконструкција на мост, сообраќајот се одвива наизменично, по една коловозна лента регулиран со семафори.
На делницата Велес – Кадрифаково како експресен пат, се извршуваат активности на патот кои се поделени во две фази. Првата фаза започна на 27.03.2013 година, при што се врши геодетско снимање и се поставени 2 табли за известување за работа на пат, од кои едната е поставена на клучката кај Велес, а другата на клучката кај Кадрифаково.
Патниот правец Неготино – Штип преку Лакавица, поради оштетување на мостот бр.9 преку реката Вардар, кај село Пепелиште целосно е затворен за сите видови на сообраќај, како и за пешаци. Поради тоа сообраќајот е пренасочен преку патниот правец Неготино – Криволак -Пепелиште и тоа само за лесни возила.
Информација за движење на патниот правец Скопје-М.Брод преку н.Јасен од 01.04.2013год. Скопје-М.Брод од 06:00 – 09:00 часот и од 16:00 – 18 часот. М.Брод-Скопје од 05:00 – 06:00 часот и од 18:00 – 20 часот.
На граничните премини нема подолготрајни задржувања за влез и за излез од државата.
Поради оштетување на коловозот од надојдена вода од река Радика на патен правец Маврово – Дебар во близина на Бошков мост, сообраќајот се одвива наизменично по една коловозна лента во должина од 30 метри. Поставена е соодветна патна сигнализација, а екипите на ЈП Македонијапат работат на оспособување на теренот за алтернативна втора коловозна лента како би се нормализирал сообраќајот.