Нема повредени во пожарот во Дом за стари лица „Д-р Јаневски“ во село Чемерско, кај Кавадарци

Пожарот во запалениот старечки дом во село Чемерско, во Општина Кавадарци, го гаснеа 10 пожарникари со 3 противпожарни возила на Територијална противпожарна единица Кавадарци. Исто така на терен има уште три медицински тима и две полициски коли со осум полицајци.
Во меѓувреме траше евакуацијата на 30 лица, кои се сместени во старечкиот дом со две возила, минибуси.
Според првите информации на Регионален Центар за управување со кризи Велес прво се запалил оџакот, а од него кровот на домот. Во Домот биле сместени 30 постари луѓе од кои пет биле неподвижни. Сите се живи и безбедно извлечени од објектот што бил зафатен од пожарот и ке бидат евакуирани во општата болница во Кавадарци.
Во моментот кога е известен ЦУК, имало потреба од дополнителни возила од Итна медицинска помош за транспорт на лицата коишто неподвижни во лежечка положба, за што било побарано во акцијата за транспортирање на старите лица да се вклучат возилата на Итна помош на Здравствен дом Велес.
ПУСЗ Дом „Д-р Јанески“ е лиценцирана приватна установа за социјална заштита за нега и грижа на стари лица.
Убавка Јаневска
