Кога грми, бегајте од плоштадот во Скопје!

Објавено на 10 мај, 2013 во 09:38

Спомениците, на скопскиот плоштад, се идеални приемници за електричните празнења, па е потребна дополнителна громобранска заштита за минувачите, го пренесе апелот на експертите,  Утрински весник.

Според докторот по метеорологија, Пеце Ристевски од Управата за хидрометеоролошки работи бронзата како материјал е голем приемник на громови. Оттаму, плоштадот „Македонија“, кој е исполнет со бронзени споменични обележја претставува потенцијална опасност за сите минувачи. Секако, ова важи доколку досега не се поставени потребните громобрански инсталации. Иницијаторите и изведувачите на скулптурите треба и мора да размислуваат и во таа насока, рече Ристевски за Утрински весник.

Експертите за громобрани одамна алармираа дека централниот плоштад нема заштита од громови, па кога грми минувачите треба да стојат подалеку од „Воинот на коњ“. Според нив, мечот на Александар, кој е највисоката точка на плоштадот, е идеален повикувач на громови. Ако се тргне од претпоставката дека споменикот има одлично изведена громобранска заштита, тогаш за скулптурата нема опасност, зашто таа ќе го спроведе громот во земја.

Но, луѓето што би се нашле во близина директно се изложени, па дури може и да загинат, оти нив громобранот на споменикот не ги штити.

Текстот во целост прочитајте го во Утрински весник.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.