Поројни дождови попладне!

Објавено на 12 мај, 2013 во 08:01

Во Македонија денеска времето ќе биде облачно со врнежи од дожд и со грмотевици.

Во попладневните часови се очекуваат поинтензивни врнежи од дожд. Локално може да наврнат и 20 до 25 литри дожд на метар квадратен.

Ќе дува умерен северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува засилен западен ветер. Утринската температура ќе се движи од 8 до 15, а максималната дневна температури ќе достигне до 25-от степен.

Во Скопје за денеска се прогнозира облачно со врнежи од дожд и со умерен северозападен ветер.

Утринската температура ќе биде околу 12, а максималната дневна температура ќе се искачи до 22 степени.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.