Возете внимателно, коловозите се влажни!

Објавено на 12 мај, 2013 во 08:06

По наместа влажни коловози и непречено се одвива сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата.

Поради оштетување на коловозот од надојдена вода од река Радика на патот Маврово – Дебар во близина на Бошков мост, сообраќајот наместо по една, сега се одвива по две коловозни ленти.

Сообраќајот на патниот правец Гостивар – Кичево преку мостот на 1,5 км пред Стража е нормализиран и е прооден за сите видови на возила, а прооден е и патот од Ресен до Охрид, преку националниот парк „Галичица“.

На патниот правец Гостивар – Маврово во близина на Ново Село, поради реконструкција на мост, сообраќајот се одвива регулирано со семафори и наизменично по една коловозна лента.

Интензитетот на сообраќај на патиштата е умерен.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.