Подгответе се за дигитални ТВ програми!

Објавено на 13 мај, 2013 во 09:18

За неполни 20 дена македонските граѓани ќе можат да следат поквалитетен, дигитален сигнал на домашните национални и локални телевизии.

Корисниците на услугите од кабелската телевизија, Макс ТВ и ОНЕ не е потребно да прават никакви подготовки за дигитализација, додека оние граѓани кои телевизискиот сигнал го следат преку надворешна антена имаат обврска да набават „сет топ бокс“ кои се продаваат по цена од околу 900 денари.

Според резултатите од анализата на Советот за радиодифузија нивниот број не надминува од 50.000 корисници.

Вакви „сет топ боксови“ или ресивери треба да купат граѓаните кои користат постари модели на тв приемници, а не и оние кои користат нови ЛЕД телевизори.

„Со дигитализацијата гледачите ќе имаат голема придобивка, во квалитетот на сликата, побрз телетекст, радио, подобра прегледност на ТВ- понудата, но и други можности кои ги нудат телевизиите“, објаснуват од СРД.

За социјалните семејства кои не се во можност да набават ресивери ,  операторот на дигитална телевизија ќе подели  бесплатно. / А.Д

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.