Вторник е денот кога ќе се знае дали Македонија ќе добие покана за пристапни преговори !

Објавено на 16 мај, 2013 во 07:29

Во вторник ќе биде извесно дали министрите за надворешни работи на земјите членки на Европската Унија  ќе ја испратат поканата до Евроспкиот совет за отворање на пристапните приговори за членство со Македонија, јави МИА.

Неофицијално,  според однесувањето на грчкиот и бугарскиот амбасадор на досегашните состаноци можен е координиран напад од министрите за надворешни работи на овие две земји против Македонија.

Како што се најавува сега  главен адут на Грците и Бугарите се најавува дека ќе биде неуспехот да се формира комисијата за истражување на настаните од 24 декември, што, според државната агенција, шефовите на дипломатиите на овие две држави ќе го искористат за да посочат дека „Македонија нема демократски капацитет и не ги исполнува критериумите од Копенхаген.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.