Лустриран и професорот Фрчковски!

Објавено на 27 мај, 2013 во 12:22

Членовите на Комисијата за верификација на фактите го лустрираа екс министерот за внатрешни работи Љубомир Фрчкоски кака наредбодавател, односно дека во периодот од 1992 до 1996 година дека давал наредби за следење со што ги прекршил човековите права и слободи, јави А1он.

Освен Фрчковски за наредбодатели се прогласени уште шестмина поранешни функционери, а еден е прогласен за соработник на тајните служби.

Чедомир Дамјановски од Комисијата за лустрација за А1 наведува дека одлуката не е уставна со оглед дека Уставниот суд се има признесено за лустрирањето на сите поранешни функционери по 1991 година. Според него оваа одлука за прогласување наредбодатели не е ниту законска зашто во членот 4 од законот никаде нема за наредбодател.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.