Екстерното тестирање падна на испит!

Објавено на 27 мај, 2013 во 14:32

Одговори наместо прашања, задачи без слика, прашања кои не се на македонски јазик, и неколку часовно доцнење – ова беа само дел од проблемите со кои стартуваше долго најавуваниот образовен проект, пренесе 24 вести.

На почетокот на екстерното се полагаа тестови од математика и граѓанско општество. За ресорниот министер Панче Кралев грешките во тестовите биле технички и нема да бидат вреднувани во крајниот резултат.

Денеска тестот го полагаше и средношколецот Кирил Ристевски кој претходно протестираше. Тој се пожали на мобинг притисоци и закани заради јавно искажаниот став против тестовите.

Екстерното тестирање ќе трае до 10 јуни по што ќе бидат објавени и резултатите. Тие што денеска не полагаа ќе добијат термини во јуни и август. Оценките на тестовите се проверка на работата и на професорите. Ќе бидат казнети со 20 проценти од плата, за подарена оцека.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.