Предпладне сонце, попладне дожд!

Објавено на 29 мај, 2013 во 06:30

Во земјава денеска ќе биде претежно сончево и топло.

Во попладневните часови ќе има наоблачување кое ќе услови локални врнежи од дожд во западните, северозападните и југозападните предели во текот на вечерните часови.

Ќе дува умерен јужен и југоисточен ветер. Утринските температури од 9°C до 17°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до 20°C односно до 31°C.

Ув индекс 7

Во Скопје ќе биде претежно сончево и топло. Во вечерните часови можност за локални врнежи од дожд.

Ќе дува умерен југоисточен ветер. Утринската температура од 12°C, а максималната дневна ќе достигне до 27°C.

Ув индекс 7

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.