Лекот Фервекс привремено се повлекува од употреба!

Објавено на 29 мај, 2013 во 17:08

Лекот Фервекс за возрасни со шеќер, гранули за перорален раствор (во ќесички) се повлекува од пазарот, соопшти Бирото за лекови.

Компанијата Фармасвис ДООЕЛ, која е застапник на производителот Бристол-Мајерс Сквиб од Франција, денеска информирала дека  Fervex sugar free (гранули за перорална употреба без шеќер) не е засегнато, односно тие гранули не се повлекуваат од производителот и ги има во продажба во аптеките.

Повлекувањето е превентивна мерка додека трае испитувањето на сите лотови на производот Fervex®Adult Raspberry, кој не е регистриран во Македонија и никогаш не бил присутен на македонскиот пазар, ниту на пазарот во соседните земји. Овој производ е со слична формулација на гранулите Фервекс во ќесички за возрасни кои се присутни и се продаваат на нашиот пазар.

Од компанијата посочуват дека се преземени сите потребни превентивни мерки и залихата од сите серии од овој производ е повлечена од дистрибутерите на големо, а истото продолжува да се врши и од аптеките во најкраток можен рок.

Превентивно повлечените производи се складирани во магацин се до добивање на натамошни инструкции на производителот Бристол-Мајерс Сквиб од Франција.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.