Лекот Фервекс привремено се повлекува од употреба!
Лекот Фервекс за возрасни со шеќер, гранули за перорален раствор (во ќесички) се повлекува од пазарот, соопшти Бирото за лекови.
Компанијата Фармасвис ДООЕЛ, која е застапник на производителот Бристол-Мајерс Сквиб од Франција, денеска информирала дека Fervex sugar free (гранули за перорална употреба без шеќер) не е засегнато, односно тие гранули не се повлекуваат од производителот и ги има во продажба во аптеките.
Повлекувањето е превентивна мерка додека трае испитувањето на сите лотови на производот Fervex®Adult Raspberry, кој не е регистриран во Македонија и никогаш не бил присутен на македонскиот пазар, ниту на пазарот во соседните земји. Овој производ е со слична формулација на гранулите Фервекс во ќесички за возрасни кои се присутни и се продаваат на нашиот пазар.
Од компанијата посочуват дека се преземени сите потребни превентивни мерки и залихата од сите серии од овој производ е повлечена од дистрибутерите на големо, а истото продолжува да се врши и од аптеките во најкраток можен рок.
Превентивно повлечените производи се складирани во магацин се до добивање на натамошни инструкции на производителот Бристол-Мајерс Сквиб од Франција.