Изгаснат пожарот на Криволак!

Објавено на 31 мај, 2013 во 10:28

Од  Дирекцијата за заштита и спасување во Штип информираа дека е изгаснат е пожарот меѓу воениот полигон Криволак и месноста Теќе во близина на напуштеното штипско село Хаџи Реџепли.

Тодорка Атанасова вели дека се уште тлее на одредени делови опожарени суви смреки и трње, и оти ќе биде побарана интервенција од штипските пожарникари.

Поради страв ветерот да не го прошири огнот ќе ја побараме интервенцијата од пожарникарите. Станува збор за непристапен терен и со оглед на тоа дека пожарот е изгаснат во овој дел нема потреба од ангажирање на канадерите, изјави Атанасова.

Градоначалникот на Општина Штип, Илчо Захариев околу пладне ќе оди на терен да ја види состојбата по пожарот.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.