ЗНМ бара анкетната комисија прво да расправа за исфрлањето на новинарите!

Објавено на 17 јуни, 2013 во 14:39

Анкетната комисија за 24 декември, прво да го разгледа исфрлањето на новинарите од собраниската галерија, затоа што тој инцидент е многу појасен и со ништо не е поврзан со останатите случувања во околу Собранието, побара денеска преку соопштение Здружението на новинарите на Македонија.

Од ЗНМ веруваат дека комисијата ќе го прифати предлогот со што ќе се овозможи брзо обновување на дијалогот со Владата.

„Веруваме дека Анкетната комисија ќе го прифати овој предлог кој ќе овозможи брзо обновување на дијалогот на владата со ЗНМ, што е барање на Европската комисија. Со расветлување на инцидентот, Анкетната комисија ќе придонесе за отворена и инклузивна расправа за нацрт законот за медиуми и аудиовизуелни услуги предложен од Министерството за информатичко општество и администрација“, се наведува во соопштението.

Доколку биде прифатено барањето, ЗНМ порача дека ќе ги повика новинарите активно да соработуваат и да сведочат пред Анкетната комисија.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.