Недостиг од лекови за болните од ХИВ!

Објавено на 19 јуни, 2013 во 11:43

Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје остана без клучниот лек во лекувањето на болните од ХИВ, “Тенофовир“. Ваквата информација во јавноста денеска ја пренесе “Заедно посилни“ – група за подршка на луѓето што живеат со ХИВ во земјава.

„ За жал, само во 2013 година ова е веќе втор случај целосно да се исцрпат залихите од некој лек, а со овој проблем пациентите со ХИВ се соочуваат континуирано неколку години наназад. На почетокот од годината во текот на речиси два месеца имаше целосен прекин во достапноста на друг основен лек – „невирапин”, при што директно беа загрозени 13 пациенти, информираа „Заедно посилни”. Во нивната реакција се наведува дека во ваквите ситуации кога недостигаат клучни лекови болните се оставени и принудени сами да се снаоѓаат како знаат и умеат. Нивното објаснување е дека  според  природата  на ХИВ-инфекцијата и начинот на којшто делува антиретровирусната терапија, ниту еден лек од комбинацијата не смее да се прекине макар и само еден ден, бидејќи тоа води до појава на мутации и резистентен вирус.

Тоа значи дека таа терапија повеќе нема да биде делотворна и ќе треба да се замени со друга комбинација од понови лекови, кои во принцип ќе бидат многу поскапи и трошокот за државата значително ќе се зголеми.

Бараат да се превземат итни мерки за да во иднина не доаѓа до недостиг на клучни лекови.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.