Во последниве две години состојбата со медиумите е влошена!

Објавено на 20 јуни, 2013 во 21:35

Претставникот на ОБСЕ за слободата на медиумите, Дуња Мијатовиќ денеска на конференцијата за слободата на изразување  и на медиуите, организирана од Европската комисија, изнесе заклучок дека во последните две години состојбата со медумите во Западниот Балкан и Турција е влошена.

Како клучни проблеми таа ги посочи законите и нивното неспроведување, финансиската и политичка зависност на јавните сервиси, економската несигурност на новинарите, но и судски процеси и апсења на новинари меѓу кои го спомена и случајот со новинарот Томислав Кежаровски кој е во притвор. Мијатовиќ притоа ја именуваше Македонија за предлог-законот за медиуми.

Мијатовиќ смета дека предложениот нацрт-закон во Македонија може да предизвика уште поголемо ограничување на слободата на медиумите.

Еврокомесарот за проширување посочи дека слободата на медиумите е индикатор за демократијата како што е температурата индикатор дека еден организам е здрав или болен.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.