Во последниве две години состојбата со медиумите е влошена!
Претставникот на ОБСЕ за слободата на медиумите, Дуња Мијатовиќ денеска на конференцијата за слободата на изразување и на медиуите, организирана од Европската комисија, изнесе заклучок дека во последните две години состојбата со медумите во Западниот Балкан и Турција е влошена.
Како клучни проблеми таа ги посочи законите и нивното неспроведување, финансиската и политичка зависност на јавните сервиси, економската несигурност на новинарите, но и судски процеси и апсења на новинари меѓу кои го спомена и случајот со новинарот Томислав Кежаровски кој е во притвор. Мијатовиќ притоа ја именуваше Македонија за предлог-законот за медиуми.
Мијатовиќ смета дека предложениот нацрт-закон во Македонија може да предизвика уште поголемо ограничување на слободата на медиумите.
Еврокомесарот за проширување посочи дека слободата на медиумите е индикатор за демократијата како што е температурата индикатор дека еден организам е здрав или болен.