Задушница-спомен за покојните!
Според народните верувања, задушници се деновите кога душите на покојните доаѓаат од оној свет кај своите блиски барајќи храна, пијалак, затоплување, чистење.
Постои верување дека заборавањето на душите на покојните може да предизвика суши, поплави, немаштија, болести и други несреќи. Кај народот постојат две примарни (пролетна и есенска) задушници, но задушниците порзани со Духовден, кој се одбележува утре, се официјално признати од црквата па биле прифатени и од народот. Ваквата средба со душите на починатите се обавувала на гробовите со палење на свеќи, кадење на гробот, посипување на вино врз него, кршење на орев како хтоничен плод со кој се повикуваат душите на средба, со обредни лепчиња, со раздавање на храна и ритуален оброк заедно со мртвите.
