Горештините продолжуваат и денеска!

Објавено на 22 јуни, 2013 во 07:07

И денеска времето ќе се задржи сончево со високи, тропски температури.

Попладне услови за локални врнежи од дожд ќе има во северозападните и западните предели. Ќе дува слаб северен и северозападен ветер. Утринските температури од 14°C до 24°C, а максималните дневни температури ќе се движат од 30°C до 38°C. УВ индекс 8.

Во Скопје во сабота тропски ден. Ќе биде сончево и многу топло. Слаб северозападен ветер. Утринската температура од 20°C, а максималната дневна ќе достигне до 36°C. УВ индекс 8.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.