Од понеделник уписи за средно!

Објавено на 22 јуни, 2013 во 10:46

Во понеделник започнуваат уписте за задолжително средно обрзование. Матурантите ќе можат да се запишуваат за средно и во вторник.  Средношколците викендов имаат време да размислат околу својот избор. Секој со своја желба но и план што е подобро и со што полесно ќе се дојде до егзистенција во животот.

Пазарот на трудот ја посочува потребата од стручно образование, но своја стратегија си имаат и останатите училишта и гимназии.

Оваа година освен оценките за успехот, учениците имаат и оценки од полагањето на екстерните тестови.

Вкупно 34.971 место е обезбедено за упис во јавните средни училишта во учебната 2013/2014 година, кој почнува во понеделник. Од посочените места 22.694 се за стручно образование. 11.597 во гимназиско, 408 во уметничко образование и 272 ученички места во спортска гимназија. соопшти денеска на прес-конференција министерот за образование и наука Спиро Ристовски.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.