Се апсат шверцери на цигари!
Во Струмица, Берово, Делчево, Скопје и Тетово денеска се уапсени 17 лица поради сомнение дека се вмешани во шверц на цигари.
Меѓу приведените , неофицијално соопштуваат од МВР има и еден полицаец од граничната полиција и еден бугарски државјанин. Се документира нивната инволвираност во групата и за што биле задолжени во криумчарскиот синџир. Три лица се уште се во бегство и се трага по нив. Осомничените уште од 2010-та преку Албанија и Косово внесувала големо количество цигари и ги складирала во Скопје, но и во магацини во близина на бугарско-македонската граница. Полицијата за секој од приведените имала поединечни пријави во изминатите две години, но сега има докази дека станува збор за добро организирана група која заработувала милиони од шверц на цигари.
Како што јави Алфа, освен цигари кај дел од осомничените пронајдена е и марихуана како и пакети Ред Бул-енергетски пијалок внесени илегално од Косово. МВР подетални информации за целата акција најави за утре.
Акцијата е продолжение на неколкуте претходни во кои поголеми групи беа казнети со затвор, а без запленети и поголем број цигари.
