Зголемена стапката на смртност

Објавено на 26 јуни, 2013 во 14:26

За 3,4 отсто е зголемена стапката на смртонс во земјава во однос на претходната година, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.

Починале 20.134 лица од кои поголемиот број се мажи на просечна возраст од 74,4 години што е за 4,1 година повеќе од просечната возраст на починати мажи.

Бројот на починати доенчиња е 230 и нивното учество во вкупниот број починати изнесува 1,1 отсто на 100 починати лица.

Како и во минатите години, најголем е процентот на починати од болести на циркулаторниот систем, 59,2 отсто, кај 18,3 отсто причина за смрт се неоплазмите, со 4,2 процента се застапени ендокрините, нутритивните и метаболните болести, додека 3,9 отсто отпаѓа на болестите на респираторниот систем.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.