Најден е успешно опериран!
Објавено на 27 јуни, 2013 во 15:13
Операцијата на Најден поминала во најдобар ред, здравствената состојба на бебето е стабилна пренесе Плусинфо.
Најден беше опериран денеска на Клиниката за уво, нос и грло по компликациите што кај него се создале на гласните жици и белите дробови.
Лекарите го оперираа откако утврдиле дека здравствената состојба на бебето се влошува поради отсечениот јазик поради што настрадале гласните жици, а компликациите се прошириле и на белите дробови.
Најден беше пронајден пред четири месеци во грмушки во близина на селото Арачиново. Лекарите утврдија дека над бебето било извршено насилство и дека му е отсечен јазикот. Се претпоставува дека тоа го сториле родителите. Полицијата по нив трага. Граѓани посакаа да го посвојат Најден.
